(ФОТО) Се преврте камион пред Прилеп

Пред еден час, тешко товарно возило од типот „Сканија“ излета од патот пред влезот во Прилеп, пренесува порталот Пелагонија.

Според информациите објавени таму, товарното возило загубило контрола и се превртело покрај патот. Несреќата се случила на стариот пат кој од Битола води кон Прилеп. Поради врнежите, патот бил лизгав.

Нема информации во каква состојба е возачот.

Полицијата врши увид на местото на настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.