(ФОТО) Се комплетира спортскиот комплекс во ООУ “Гоце Делчев”: ПРЕКРАСНО!

20840929_10203892801517622_979231730863454913_n

На задоволство на учениците, деновиве се комплетира спортскиот комплекс во основното училиште “Гоце Делчев” во Прилеп.

Повеќенаменското игралиште кое минатиот месец започна да се гради во училишниот двор, полека го добива својот краен лик и одлично ќе се вклопи заедно со балон салата и тениското игралиште, кои веќе беа изградени.

20842209_10203892800997609_7323061262318698328_n

На игралиштето ќе може да се играат повеќе спортови како ракомет, кошарка, мал фудбал и одбојка. Средствата за оваа инвестиција се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа.

20954092_10203892800557598_5322585666909207897_n

Инвестицијата за ова игралиште изнесува 1,8 милиони денари, а се планира игралиштето да биде пуштено во употреба до почетокот на учебната година.

Освен учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во иднина се планира овие спортски игралишта да ги користат и сите останати љубители на спортот.

20915464_10203892799837580_5164386863141596897_n

Со ова училиштето ќе добие еден комплекс каде ќе има извонредни можности за развој на повеќе видови спортови, а предност на ова повеќенаменско игралиште ќе биде тоа што  за него ќе се користат рефлекторите од тениското игралиште и тука ќе може да се играат и ноќни натпревари.

20882374_10203892801757628_7862394715728456187_n

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.