(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Вакво нешто ретко се гледа – Ива и Ивона од Прилеп создадоа вистинско ремек дело

Над 200 фризери, бербери и козметичари од цела Македонија, поделени во 12 групи, синоќа учествуваа на манифестацијата насловена како „Prilep Special show“, која се одржа во ноќниот клуб ВИП.

Настанот, кој беше вистински спектакл, се организира за прв пат во Македонија, а организатор е секцијата на фризери, бербери и козметичари од Прилеп.

Според нас најдобрата креација е дело на девојките од Прилеп, фризерката Ива Георгиоска и Ивона Петреска во улога на шминкер.

Нивниот модел Деспина Чолакоска изнуди воздишки кај сите присутни, а креативноста на девојките предизвика возбуда и воодушевување.

Во продолжение погледнете ја ФОТО ГАЛЕРИЈАТА која ја подготвивме за вас:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.