(ФОТО+ВИДЕО) Реки народ против двојазичен Прилеп! “Ќе протестираме додека пратениците на СДСМ не побараат повлекување на Законот!?”

Трет ден по ред прилепчани во голем број излегоа на протест против донесувањето на Законот за употреба на јазиците.

Од камената бина на плоштадот “Александрија”, преку булеверот “Гоце Делчев”, се упатија кон домот на пратеникот Хари Локвенец, каде исто така го изразија својот револт од донесувањето на Законот.

“Во нашиот град не живее албанско население, тогаш зошто двојазичност во Прилеп?!”, беше коментарот на еден сограѓанин учесник во протестот.

Вечерва забележително беше присуство на многу поголем број граѓани од вчерашниот ден, а прилепчани порачаа дека продолжуваат со протестите и во наредните денови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.