ФАКТИ ЗА ПРИЛЕПСКОТО ЗДРАВСТВО (ФОТОГАЛЕРИЈА + ВИДЕО)

Во изминативе неколку години се направија капитални и историски инвестиции во здравствените установи во Прилеп. Здравствените објекти на Центарот за јавно здравје, Здравствениот дом и општата болница “Борка Талески”, не беа чепнати уште од нивната изградба.

Квалитетот на здравствените услуги во Прилеп значително се подобри, а за тоа секако најголеми заслуги има локалната самоуправа, и нејзините големи залагања, како и соработката со здравствените институции, Министерството за здравство и претходната Влада на Република Македонија, предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

Најголема и најзначајна беше започнатата целосна реконструкција на општата болница, во вредност од 70 милиони денари, при што до сега реконструирани се повеќе одделенија како и дел од операционите сали во болницата, а набавена е и  нова медицинска опрема во износ од околу 11 милиони денари.

Набавени се повеќе медицински апарати кои значително го подобрија квалитетот на здравствените услуги како што се : мамограф, ехо доплер апарати, оперативен стол со сателит светло, пациент монитори, апарати за анестезија, и уште многу други современи медицински апарати и помагала. Се воведе гастроскопија, се реконструираше големата сала во болничката лабораторија и се постави нов покрив над делот со амбуланти. Исто така се воведе ФАКО операција во Офталмолошкото одделение.

Освен набавувањето на нова современа опрема болницата работеше и на подобрување на кадровскиот потенцијал, при што вработени беа нови 12 лекари.

Бројни инвестиции беа направени и во Здравствениот дом ( Уредот ) во Прилеп, каде само во периодот од 2013 до 2017 година се вложени околу 520.000 евра.

Објектот доби нова енергетски ефикасна фасада, комплетно се промени надворешната дограма, се реконструираа санитарните јазли, се постави лифт, се набавија нови возила, одделенијата се опремија со нов мебел. Се реконструираше детското одделение, логопетската амбуланта, се отворија нови лаборатории во неколку населени места, се набавија нови лабораториски апарати, а се отвори и пункт во Кривогаштани кој работи од 20 часот до 7 часот другиот ден.

Бројни инвестиции се реализираа и во Центарот за јавно здравје во Прилеп, каде само во периодот од 2013 до 2017 година инвестирани се околу 225.000 евра.

Набавени со голем број на современи медицински апарати, реновирани се лабораториите, набавен е нов мебел, комјутери, се реновираше фасадата и кровот на објектот, а исто така комплетно се промени и електричната инсталација. И ова се само мал дел од инвестициите кои се случија во оваа установа.

Сето ова говори само едно. Здравството во Прилеп претрпе тектонски промени, се работеше и инвестираше постојано, а бенефитите денес ги чувствуваат сите граѓани на општина Прилеп, како и околните општини и населени места.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.