Тие се најпосебните девојки во хороскопот и поради тоа сите паѓаат на нив

devojka-s-sesirom_800

 

Тие се навистина единствени, па кога ќе запознаете жена во овој знак, бидете сигурни дека слична нема да најдете.

Но, ако веќе сакате да ја освоите, знајте дека морате да бидете брзи, но и непредвидливи, затоа што во спротивно брзо ќе и здосадите и ќе побегне од вас. А ова се три работи со кои ќе се соочите кога ќе се заљубите во ваква жена.

ЛАСКАЊЕ КАЈ НИВ НЕ ПАЛИ

Жената во знакот Близнак точно знае колку вреди и не постои комплимент кој ќе и го дадете, а таа да не си го дала за себе. Таа не е несигурна и нема да ја купите со неколку убави зборови.

СИТЕ ЈА ПОСАКУВААТ, НО….

Жените близнаци се познати по своите моќни флертувања, па поради тоа нивните партнери секогаш стравуваат дали им се верни. Меѓутоа, ако ја освоите, бидете уверени дека ќе ве гледа само вас.

САКААТ СЕ’ ОБРАТНО

Можеби мислите дека секогаш бучните, забавни жени близнаци сакаат ист таков партнер, но се лажете. Тие сакаат спротивности, и често се заљубуваат во страмежливи типови кои се плашат воопшто да ги погледнат.

 

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.