Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Прилеп

velosipedist-640x312

Вчера во 13 часот и 35 минути  на крстосницата од улица „Димко Нареднико“ и улица  „Биди маж“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Лупо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот З.Д од Скопје и велосипед управуван од 53- годишен М.Ш од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се стекнал велосипедистот, кој со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Градска болница Прилеп, каде му се констатирани повредите и е задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во  Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.