“Тешко ги рецитираат нереалните ветувања?! Државата крахира, субвенции нема, инвеститорите си одат … животот замина?!”

После вчерашниот крах кој неговата партија го доживеа на централниот митинг во Скопје, каде СДСМ го имаше досега најслабиот митинг, кандидатот за градоначалник на општина Прилеп денеска видно збунет прочита текст во кој и самиот не верува.

Шамарот од народот и црвениот картон од прилепчани за најавената двојазичност во Прилеп очигледно болат, па на Јованоски и СДСМ им остана само надежта дека со ветувањето на кули и долини од злато, ќе успеат да извлечат глас повеќе и да го поразат Марјан Ристески, кој цврсто гази на терен и одново ги освојува симпатиите на прилепчани.

Од текстот кој денес го прочита Јованоски пред камерите можеме да слушнеме само слатки зборови и епитети, без никакви конкретни проекти, без некаква иновација, без некаков рок на изведба или конкретни средства за реализација. Кога добро ќе се слушне ќе се сфати дека поголем број од работите кои Јованоски ги рецитира се или започнати, или реализирани.

Навистина е жално за еден доктор до долго искуство, да потпадне на вакви манипулации и да прифати да се бламира пред своите сограѓани.

Казната за неисполнетото на неговата партија пред прилепчани, повисоките пензии, плати, субвенции, стопирањето на патот Прилеп-Градско, стопирањето на изградбата на гасоводот, но и репресиите и заканите врз граѓаните за кои се почесто се пишува, очигледно го стигнува.

Неговиот тим треба да му предочи дека поезијата е работа на поетите, а политиката не е детска игра, тоа е процес во кој политичарите градат и стекнуваат доверба кај граѓаните преку даден и исполнет збор.

Во продолжение денешната прес-конференција на Илија Јованоски:

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.