Температурите одат под нула – еве што не чека со времето

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 15 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен веттер од северен правец. Температурата ќе се движи од три до 19 степени.

Следува период на стабилно и суво време со студени утра, а преку денот ќе биде сончево и потопло. Утринските температури утре изутрина во некои од повисоките места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.