ТРИ ПАРЧИЊА ЗА РОМАНТИЧАРИТЕ: ПОБЕДА ОБЕЗБЕДИ СИГУРЕН ОПСТАНОК (ВИДЕО)

18698004_1208168479294211_2125112788470455638_n

Со три погодоци во мрежата на “дебармаалци”, попладнево на фудбалскиот стадион “Борис Трајковски”, Победа го порази Работнички и го обезбеди 7-то место на табелата во Првата фудбалска лига и сигурен опстанок.

Со головите на Гешоски во 15-тата, Станиќ во 60-тата и Шаркоски во 84-тата минута, победашите стигнаа до петтиот последователен триум и  до недостижни пет бодови предност пред осмопласираниот Шкупи, позиција која носи бараж дуел со третопласираниот Новаци во втората лига.

18767704_1208224582621934_8621023408206766534_n

Во последното коло Победа ја пречекува Ренова на стадионот на “Moгила”, дуел кој со сигурност прилепчани ќе сакаат да го добијат и да ја крунисаат успешната серија триумфи пред својата публика.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.