ТЕШКА КРАЖБА ВО ПРИЛЕП: Му одзеле пари и пиштол

policija-8-98373

Во периодот од 09.00 часот на 27. месецов до 01 часот на 28. месецов во Прилеп, на улицата „Цане Коњарец“, во куќата на 57-годишниот Р.С.непознат сторител извршил тешка кражба. Крадецот ја отворил влезната врата, влегол внатре и по извршеното пребарување одзел пиштол „Црвена Застава“ кој Р.С. го поседувал со дозвола и 20.000 денари, по што го побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.