Судот им одредил притвор на пратениците Арнаудов и Мукоски?!

Пратениците Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски попладнево во придружба на полициски службеници, го напуштија Кривичниот суд, и беа внесени во полициски комбиња, пишува порталот Прес24 повикувајќи се на извор од МИА.

Останатите четворица пратеници Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Сашо Василевски, кои денеска заедно со Арнаудов и Мукоски беа на распит пред судија на претходна постапка за насилствата во Собранието од 27 април годинава, се уште се во Судот.

Распитот на пратениците траеше неколку часа. Тие одделно дојдоа во судот, а куса изјава за медиумите пред влегувањето даде само пратеникот Мукоски, кој рече дека правно гледано, според него, нема аргументи за притвор, но, како што наведе, остава на судот да одлучи за тоа и верува во него. Шестемина пратеници пред судот ги пречекаа и неколкумина нивни колеги од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да им изразат поддршка.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.