Страшна сообраќајна несреќа на излезот од Битола кон Прилеп (ФОТО)

Страшна сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 22 часот на излезот од Битола пред клучката за Прилеп.

Судрени се две возила, при што е причинета голема голема материјална штета, а неофицијално има и повредени.

Несреќата предизвика долга колона возила, а присутна беше и екипа на брзата помош, како и поголемо присуство на полиција кои го регулираа сообраќајот.

Полицијата моментално врши и увид за откривање на причините за несреќата.

Повеќе информации подоцна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.