Спектакуларната детска руска претстава “Маша и Медо” заедно со Дедо Мраз во Прилеп!

На 17 декември со почеток од 12 часот во домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп, доаѓаат омилените детски јунаци Маша и Медо, заедно со Дедо Мраз.

Публиката ќе има можност да ја види спектакуларната детска претстава, направена по истоимениот цртан филм „Маша и Медо“.

Ова е идеална можност нашата најмлада публика да ги види своите омилени јунаци во живо. Руската актерска екипа, која специјално по овој повод доаѓа во Македонија, на децата ќе им ги претстави авантурите на „Маша и Медо“ одблиску.
Претставата ќе биде синхронизирана на македонски јазик.

Билетите во предпродажба:

– Продажната мрежа на КупиКартиЗаСе низ цела Македонија,
– Atlantis Прилеп,
– City Tobacco Прилеп,
– Tobako Plus Прилеп,
– Бран ТА Прилеп




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.