Со коњи од Крит до Солун против употреба на името Македонија од страна на Македонците (ФОТО)

Група Грци од Крит со коњи и облечени во народни носии се упатиле кон Солун да се приклучат на денешниот протест против употреба на името “Македонија” од страна на Македонците.

Со себе понеле и натписи против употреба на името “Македонија” во спорот со името со слоганот “Кога предавниците владеат, патриотите се виновни”

Групата го напуштила Крит во петокот вечерта, а пристигнале во Солун вчера утрото.

На патот до Солун, групата направила неколку паузи за да се фотографираат.  Првата пред парламентот во Атина, втората фотографија пред статуата на Леонидис, местото од каде 300 Спартанци тргнале против Персијците во античко време.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.