Сметководителите на Македонија донесоа нов тарифник за надомест за сметководствени услуги

Денеска сметководителите на македонија, ја прифатија предлог одлуката за тарифник за минимален надомест за сметководствени услуги. едногласно кажаа дека треба да се подогне позицијата на која со години наназад е сметководствената професија во македонија.

 

1-6-640x303

Предлог одлука за донесување на тарифник за висина на минимален надомест за вршење на сметководтвени услуги. Ова беше една од точките за кои денеска гласаше управниот одбор на институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија. Шест месеци се работело на тарифникот кој е од големо значење на сметководителите, затоа што како што беше истакнато ова ќе ја издигне професијата на местото кое го заслужува.

-Важно е да знаеме дека овој тарифник е како минимум на надомест за покривање на трошоците кои нашите колеги ги имаат при вршењето на книговодствените услуги, а додека во истиот тарифник предвидовме и цена по час за сметководствените услуги слично како и кај останатите дејности изјави Ленче Папазовска, Претседател на ИСОС.

Сметководителството во Македонија е несоодветно регулирана. Папазовска смета дека истата треба да биде повеќе почитувана, но и сметководителите да треба да се залагаат за поквалитетни услуги. Според неа нелојаната конкуренција го спушти нивото на оваа фела.

-Со години можеби имаме лица кои не припаѓаат токму на оваа наша професија односно не се на некои од општествените науки, посебно не од економијата и финасиите и самото тоа имаше еден пад на услугите кои што ги даваа сметководителите и се надеваме дека донесувањето на овој тарифник можеби ќе донесе за подобрување на квалитетот кој што го имаме, рече Папазовска.

Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија има осум подружници. Тоа е професионално здружение со основна цел да се унапреди сметководствената професија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.