Следат дожд и снег – од вечерва промена се до Нова Година

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од јужен правец, а по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност.

Во западните делови кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а во вечерните и ноќните часови и појава на локален дожд. Температурата ќе се движи од седум до 13 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе достигне до осум степени.

Во четврток под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на високите планини од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни (локално околу 20 л/м2), а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава.

Ќе дува засилен јужен ветер.

Во петок ќе има слаб локален дожд, а слаб снег ќе има и на повисоките места во западните делови. Во деновите од викендот како и за време на Новогодишната ноќ се очекува стабилно, суво, релативно студено и ветровито време.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.