Се трага по исчезнатиот Даниел- доколку имате информација јавете се на овој број

Делчевската полицијата апелира доколку некој од граѓаните има каква било некаква информација за исчезнатиот Даниел Ѓеоргиевски (31) од Делчево да ја информираат најблиската полициска станица или да се јават на телефоните 075 691-669 и 075 859-063.

policija-2-630x396

Ѓеоргиевски е пријавен за исчезнат на 17 август. Според информациие од СВР Штип, тој утрото на 17 август заминал од дома и оттогаш му се губи секаква трага.

– Неговото исчезнување го пријавил неговиот брат, а полицијата ги презема сите потребни мерки за негово пронаоѓање, истакнува Гордана Панајотова портпарол на СВР Штип.

Според информацијата од семејството, Даниел живеел сам со двајца браќа по смртта на нивните родители, а утрото кога заминал од дома бил облечен во црвен дрес, фармерки и влечки.

daniel-isceznato-lice

– Ние секојдневно се организираме и пребаруваме по теренот каде обично се движеше Даниел кој овој период собираше и смерка и ја продаваше на откупните центри, велат од семејството.

Потрагата по исчезнатиот Даниел е втора за еден месец на територијата на Делчево и Македонска Каменица. Пред точно еден месец на Руен исчезна 47-годишниот Ацо Јовановски, лице со посебни потреби од Македонска Каменица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.