Светот со солзи го читаше ова писмо: Детенце има само една желба до дедо мраз, не ми се потребни играчки…нив ги имам (ФОТО)

Девет годишното момче со име Луис Вилијамс од англискиот град Кент заедно со двете сестри и мајка во моментов престојуваат во дом за бездомници.

Семејството се селело 14 пати во помалку од 10 години, а оваа година деветгодишното момче го расплака светот откако му испрати писмо на дедо мраз.

Имено во писменото тој наведува дека има само една единствена желба од дедо мраз.

-Драг дедо мраз дали оваа година може да добијам куќа засекогаш? Не сакам нови играчки, овие кои ги имам се доволно. Сакам да живеам во мир и да имам своја соба со маса на која би играл со лего коцки. Сите сме тажни што живееме овде и само сакам мојата фамилија да биде среќна. Фала ти многу за примената порака и ти посакувам среќен Божиќ, стои во писмото на момчето.

Инаку ова семејство останало без дом откако неговата мајка Никол не можела да ја плаќа киријата иако има две работи.

-Работам напорно, но со платата не можам да овозможам да плаќам кирија. Се чувствувам виновна за судбината на моите деца, кога гледам што другите деца си посакуваат за Божиќ се срамам.

Ова семејство е на листата на државни станови, а во моментов живее во дом за бездомници во две спални соби. Мајката на ова момче вели дека таму нема место ниту за новогодишната елка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.