СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ СРПСКАТА ЕСТРАДА: Вака Аца Лукас дознал дека сопругата го изневерува со Марко Јариќ

Периодов српските медиуми секојдневно пишуваат за наводниот развод на Аца Лукас и Соња Вуксановиќ.

1aca

Имено, Аца го разоткрил неверството на Соња со кошаркарот Марко Јариќ, со кој сопругата на Лукас, се гледа изминативе неколку месеци.

Иако Соња и Марко внимавале да се гледаат исклучиво додека е таа во Мајами, каде често престојувала, Аца за неверството дознал кога Соња се вратила од Америка.

-Лукас веќе некое време се сомнева дека Соња го изневерува. Никако не можел да открие за кого станува збор, се додека една вечер не му падна на памет идеја да ги замени картичките на телефоните и во името на Соња почнал да се допишува со лицето со кое таа се гледала. Останал шокиран кога сфатил дека се работи за Јариќ. Како не би правел драма пред се да излезе на виделина, тој една вечер, додека бил на вечера, во името на Соња му пратил порака на Јариќ веднаш да ја побара на телефон. Кошаркарот тоа и го направил, а тогаш Лукас и го пружил телефонот на Соња и и рекол: „Некој те бара, јави се“. Таа била избезумена и посрамотена, а фолкерот тогаш сфатил дека се било вистина, рекол извор близок до парот.

Во ресторанот настанал хаос, почнале да се караат пред сите, а Соња дури и заплакала.

Моментално Соња е во Дизелдорф со нејзината ќерка Викторија, Аца исто така е надвор од границите на Србија, додека пак Јариќ со своите ќерки Валентина и Сиена е во Србија.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.