СДС ГО ЗАПОЧНА ЛОВОТ НА ПАТРИОТИ: Оливер Спасовски испратил партиска полиција во домот на претседателот на МПЗ „Андон Лазов Јанев – Ќосето“, Иванов молчи!

По цели три месеци, откако Оливер Спасовски успеа да ги инсталира неговите партиски војници во МВР и максимално да ја патизира полицијата, започна и прогонот на Македонските патриоти кои на 27 април направија се со цел да го спречат државниот удар кој се случи

18921167_10212745259449428_2034756973688659197_o-768x437

Од слободна држава во која секој имаше право на протест, право да каже што мисли и да протестира, некогаш дури и насилно и за тоа, во име на демократијата да биде помилуван, денес под режимот на СДС, Македонија станува феудално општество каде наместо правда се спроведува инквизиција.

Вечерва, по цели три месеци од државниот удар во Собранието на Р.Македонија, партиската полиција на Оливер Спасовски извршила насилен упад во домот на претседателот на МПЗ „Андон Лазов Јанев – Ќосето“ со цел да изврши претрес.

naredba

Во изјава за „Инфомакс“, претседателот на здружението Горан Ангелов вели дека во неговиот дом влетале осумина полицајци, кои пред неговото семејство му се заканувале, иако тој не пружал никаков отпор.

По завршување на претресот, одземен му е линиот компјутер и неколку телефонски апарати.

Во меѓувреме, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов молчи, иако граѓаните се погласно параат аболиција за обвинетите патриоти кои превземаа соодветна акција на 27 април со цел спречување на државниот удар.

Иванов, сеуште се нема произнесено по барањата на се погласните граѓани за помилување на оние кои беа присутни на 27 април, по примерот на ослободување од одговорност на насилниците од платеничката револуција.

Горан Ангелов, освен тоа што е претседател на патриотско здружение, е и екс-припадник на специјалната единица „Лавови“ каде што беше и генерал.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.