Професор Ванковска открива СКАНДАЛ: Американската амбасада се мешала во судските процеси по насилните протести во мај 2015 година

СДСМ уште од самиот старт на своето владеење започна со комплетен притисок кон судството, потпомогнати од својата инсталација Специјалното јавно обвинителство. СЈО со цел да ја оцрни ВМРО-ДПМНЕ и да ги прикрие потезите кои СДСМ ги прави врз грбот на македонските граѓани, поднесе обвиненија против дел од највисоките функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а не поштеди ниту новинари и други луѓе кои не се согласуваат со политиките на СДСМ.

 

111

СДСМ цело време гласно врши притисок врз судиите велејќи дека се контролирани од одредена политичка партија, секоја одлука која не е по волјата на врвот на таа партија се вели дека е политички монтирана и останати работи кои и тоа како ја отежнуваат работата на судиите, како што е на пример најавата на Зоран Заев за целосен реизбор во судството, што би претставувало негова партизација.

Во колумна за „Нова Македонија“, професорката Ванковска вели дека на непочнати постапки почнале шпекулации кои судии чии се.Таа исто така кажува дека од прва рака знае дека американската амбасада има ургирано одредени учесници на насилните протести во мај 2015 година да добијат како што вели во текстот соодветни казни. Инаку тоа беа протести кога членстовото на СДСМ се обиде на насилен начин да влезе во Собранието, при што беа повредени голем број полицајци.

111

-Судиите се посебна приказна: постапките уште не почнале, а веќе се шпекулира кои се „нивни/поткупени“, а кои се „наши/чесни“ судии. Кој на која страна е, добро знаат и оние од амбасадите, бидејќи уште поодамна правеа „црни листи“ заедно со предлози за законски реформи. Од прва рака знам за случај во кој од американската амбасада е ургирано одредени учесници на насилните протести од мај 2015 година да добијат „соодветни“ обвинители, кои нема да бараат построги казни, пишува Ванковска во колумната.

Деновиве медиумите под контрола кренаа фама дека човек на протестите пред судот цинично дека таму се „за да си ги мериме која има поголем“, откако претходно одби да му одговори на прашање на новинарот, потегот со кој сакаше да се заборави на фразата за „мерењето“, која своевремено ја користеше некогашната претседателка на Хелсиншки комитет, Мирјана Најчевска, инаку еден од најгласните експерти на СДСМ. Најчевска оваа изјава ја даваше за случајот за смртта на младото момче, 17 годишниот Трајан Беќиров.

-Деновиве се ширеше „скандалозна“ изјава на некој жесток поддржувач на Груевски, кој рекол дека е таму „за да си ги мериме кој има поголем“ (и сите заборавија дека за фразата за „мерењето“ авторски права има некогашната претседателка на Хелсиншки комитет, Најчевска, во времето на случајот Беќиров), пишува во колумната Ванковска.

Ванковска во колумната се осврна и на кампањата која СДСМ ја тераше пред изборите за случаите Монструм, Сопот и други каде си играше со чувствата на многу семејства, на кои им беше кажувано дека погрешни луѓе лежат во затвор, а освен на зборови, во институциите самите тие не иницираа никаков процес за докажување дека е така.

Таа исто така го споменува и делот каде СДСМ говореше за криминалот и корупцијата која минатата власт ги правела, а политички судски процеси сега се водат само против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а не и против оние од ДУИ, кои заедно со ВМРО-ДПМНЕ беше во Владата.

-Сега кога се очекува некаква божја правда и провидение, албанските граѓани изразуваат револт поради селективноста на судските процеси: ниту ќе добијат етничка правда (за Монструм, Сопот, итн.), ниту граѓанска (за криминалот и корупцијата во редовите на ДУИ), пишува во колумната Ванковска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.