Прилеп: Злоупотребен гласот на неподвижен дедо од 96 години

Возрасен човек роден 1923 година, кој е болен и неподвижен веќе подолго време бил дополнително шокиран кога бил известен од своето семејство дека на избирачкиот список се констатирало дека тој веќе наводно гласал и тоа на избирачкото место 1382 кое се наоѓа во објект во Прилеп.

Неподвижен дедо бил заведен дека наводно станал од креветот, отишол до објектот и гласал, што е скандалозно.

Се чини веројатно дека и дедото бил жртва на изборна нерегуларност и дека наместо него гласало некое друго лице кое немало право на тоа.

Со овој случај се зголемува бројот на информации за тешки нерегуларности кои се случуваа на локалните избори во неделата.

Според информациите на Курир и за овој случај една политичка партија поднела приговор до ДИК, останува да следиме како ќе се произнесе претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите на Комисијата.

Извор: Курир




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.