“Пресс24”: Двајца повредени во престрелка со полициските Алфи во скопски Бутел

Две лица се повредени во престрелка во која учествувале полициски службеници и која доцна попладнево се случила во скопски Бутел, дознава Press24 од очевидци

Според инфорамциите на порталот, полициските службеници дошле да интервенираат на терен на улицата Бетовенова во Бутел при што настанала тепачка по која, според очевидците полициските службеници, најверојатно од тимот Алфа почнале да пукаат, при што две лица биле повредени и префрлени во болница.

Од порталот додаваат дека немаат информации за идентитетот на повредените, ниту пак официјална потврда од полицијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.