Празник на родителите на Пресвета Богородица: Денеска е голем ден

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 септември.

Денеска е Св. Јоаким и Ана.

Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица. Како и по сите поголеми празници, и по овој празник се празнува споменот на непосредните учесници во настанот што ја сочинува содржината на вчерашниот празник. Тоа е споменот на светите Јоаким и Ана. Таткото на Јоаким се викaл Варпафир и бил родум од Јудиното племе, потомок на царот Давид, а Ана била ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено. Тие ја добиле ќерка си Марија на стари години, после 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеале длабока старост, свети Јоаким се упокоил на 80, а света Ана на 79 години.

Празник на родителите на Пресвета Богородица

Именден празнуваат: Ана, Јана, Јаника…

Овој празник меѓу народот се смета за полесен, па во некои краишта (Гевгелиско) не работеле само жените.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.