Поранешен војник има предлог: Режимот во Северна Кореја ќе падне ако им фрлиме 25 милиони Ајфони

Поранешниот член на Морнаричките фоки – елитната формација на Маринскиот корпус на американската војска, Џоко Вилинк смисли многу иновативен начин за рушење на севернокорејскиот политички режим.

-Фрлете 25 милиони Ајфони во Северна Кореја во исто време, поставете сателити секаде околу земјата и обезбедете им на луѓето бесплатен интерент, напиша Вилинк на социјалната мрежа Твитер.

Овој твит го привлече вниманието на западните медиуми, кои истражуваат дали идејата навистина би успеала.

Експертот за Северна Кореја Јун Сун потврди дека замислата не е толку претерана како што се чини на прв поглед.

-Ваквиот пристап би претставувал обиколен пат, но шанса за успех постои, изјави Сун.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.