Полицијата упаднала во домовите на дваесетина пратеници и граѓани

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР Митко Чавков, дознава неофицијално Република.

Чавков е уапсен по отворена истрага за насилствата од 27 април во Собранието, каде од пониските структури од МВР беше посочен дека 2 часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратениците од СДСМ и на други пратеници и новинари.

Се очекува утрово Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.

Покрај Mитко Чавков, дознава Република од свои извори, приведени се уште 15 мина, меѓу кои уште пратеници и граѓани кои се најдоа на 27 април во Собранието.

Помеѓу нив, како што дознава Република се и актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Стефановска, пратеникот Крсто Муковски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид и други, за кои ќе ве информираме подоцна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.