Под мотото „ Уметниците за Осми март“ се одржа традиционалната манифестација Брзо сликање

Под мотото „ Уметниците за Осми март“ денеска во ЦК„Марко Цепенков“ се одржа традиционалната манифестација Брзо сликање, на која осум уметници членови на ДЛУП (Друштво на ликовни уметници Прилеп ) Александра Богоеска, Емилија Ѓорѓиоска Димоска, Анита Јовеска, Маја Најдоска, Јасмина Руневска, Васе Боцеска, Викторија Димеска, Верче Николоска сликаа по повод меѓународниот ден на жената.

– Брзото сликање е убав настан на кој се собираме, твориме, работиме брзи цртежи, дела кои имаат место во галеријата. Секој ден нашата борба продолжува, се уште има проблеми со родовата еднаквост. Сакам да порачам дека жените треба да се борат за нивниот глас – изјави Јасмина Руневска, уметница, претседател на ДЛУП.

Манифестацијата ЦК„Марко Цепенков“ ја реализира по деветти пат.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.