Повисоки субвенции?? Почна откупот на тутунот

Пред два дена започна откупот на тутунот од годинашната реколта. Тутунарите оваа година имаат да понудат доста квалитетен производ и очекуваат повисоки откупни цени, но и исполнување на ветувањето на владата од СДСМ за повисоки субвениции и откуп на тутунот во три класи.

„Очекуваме да се постигне повисока просечна откупна цена од ланската од 182 денара за килограм. На откупувачите им укажуваме дека будно ќе ја следиме проценката на родот на вагите“, истакна претседателот на Сојузот на тутунските здруженија Данчо Милески. 

Главното ветување на сегашниот премиер Заев и првите луѓе на СДСМ во ланското предизборие пред земјоделците, се однесуваше на откупот на тутунот.

Беше ветено дека тутунот ќе се откупува во три класи, дека ќе се укинат понуските класи и соодветно ќе се исплаќа: 80 денари субвенции по килограм за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа.

Не само во екот на предвремените парламентарни избори, ова ветување преовладуваше и во предизборните денови за локалните избори.

Големи банери и платна испишани со големи букви, кои требаше да го привлечат вниманието на секој земјоделец тутунар, беа истакнувани насекаде.

Дали Заев и СДСМ ќе го испочитуваат својот збор пред овие луѓе е знак прашање и нешто за што допрва ќе се зборува.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.