Победа во зона на испаѓање

Фото: https://www.facebook.com/FKPobedaAD/

Поразот од Вардар од 3:0 на арената “Филип Втори” и победата на Пелистер над Работнички со 3:2, ја донесоа Победа на претпоследното место на прволигашката табела со само 20 освоени бодови.

Таму се наоѓаше Пелистер до почетокот на ова 20-то коло во македонската Прва фудбалска лига, но со нерешениот резултат токму против Победа минатото коло и овој значаен триумф над “романтичарите”, битолчани го избегнаа дното и сега се над опасната зона за испаѓање, благодарение на подобрата гол разлика од Победа и Ренова.

Новите 11 засилувања кои пристигнаа во престојниот трансфер период во Прилеп, денеска имаа бледо издание против актуелниот шампион.

Веќе во наредното коло Победа има шанса за поправен на домашен терен против Шкупи, кој за разлика од минатата сезона, сега се наоѓа на 6 бода пред црвено-белите.

Еве како изгледа табелата после денешното 20-то коло:

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.