Пиреј и непокор ја ежи душата: Македонија ја негираат, трговците ја распродаваат, затворите се преполни, а Македонците пеат „Бисер балкански“ и „Едно име имаме“ (ВИДЕО)

Додека многумина ја негираат, трговците ја распродаваат сопствената земја, а затворите се преполни со невини луѓе само затоа што си ја сакаат својата татковина, Македонците ги пеат „Бисер балкански“ и „Едно име имаме“, покажувајќи пиреј и непокор кој ја ежи душата.

Македонија ја живее ракометната бајка, која само го доведува до израз нациналното чувство на Македонецот, кој никогаш не се предава, секогаш се бори за сопствената држава, со многу помоќни од него, но никогаш покорен, секогаш гордо исправен, достоинствен и чесен.

Ечи „Бисер балкански“ од соблекувалната на македонската репрезентација

Ракометарите одиграа нерешено со Германија, останаа непоразени и како првопласирани во групата продолжуваме во втората фаза на ЕП во Вараждин.

„Пораз што беше тоа???“ – напиша Филип Лазаров кој поради повреда мораше да го пропушти денешниот дуел, но никој не ја пропушти прославата.

Poraz , sto beshe toa ???

A post shared by Filip (@filip023) on

И додека некои други и кројат име на Македонија, распродавајќи ја како да се на пазар и секојдневно лицитираат со разни имиња и термини, Македонеците од Загреб гордо и порачуваат на цела Европа, гласно пеејќи ја „Едно име имаме“.

Македонските навивачи кои вечерва ги бодреа ракометарите на мечот против Германија, испратија порака која ја виде цела европска публика.

Публиката развеа транспарент со порака за поддршка на Игор Дурловски кој се наоѓа во притвор за настаните од 27-ми април во Собранието.

Дурловски е познат како професионален оперски пејач ширум светот, а поради политички прогон во моментов се наоѓа зад решетки. Македонската фаланга сакаше ова да биде силната порака:

„Ние сме македонската фаланга. Ние сме Игор Дурловски. Не ме викај ФИРОМ“!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.