Официјално: Бернардески е нов фудбалер на Јувентус

Сега веќе поранешниот фудбалер на Фиорентина, Федерико Бернардески и официјално стави потпис на договор со Јувентус.

bernardeski-640x427

23-годишниот италијански репрезентативец пристигна во Торино на лекарски прегледи во текот на вчерашниот ден, а откако успешно ги мина прегледите, тој стави потпис на договор со Јувентус. Така трансфер сагата беше завршена, а Јувентус го потврди трансферот на својата официјална страница.

Бернардески наводно со „Бјанконерите“ потпишал петгодишен договор, а годишно во торинскиот клуб би требало да заработува околу четири милиони евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.