Од вечерва промена на времето во Македонија – наредниот период очекувајте и снег

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе се засилува. Кон крајот на денот и утре претпладне ќе има локални врнежи претежно од снег, кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови.

Температурата ќе се движи од три до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до седум степени.

Во наредните денови, времето ќе биде стабилно и суво. Во петок по котлините и по речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.