Ова го има само во Босна: Си изградил куќа на покривот на станбена зграда (ФОТО)

Дека во Босна може да прави кој што сака, може да се види по последниот пример во Зеница каде на покривот на една станбена зграда, еден од станарите изградил скоро цела куќа, пишува Вечерњи.хр. Оваа несекојдневна глетка во населбата Јалија веќе подолго време го привлекува вниманието на минувачите бидејќи тешко дека некаде на друго место шитум светот ќе наидете на ваков случај.

Фотографијата од доградбата брзо почнала да се шри на социјалните мрежи каде корисниците најчесто имаат негативни коментари.

Селма Кариќ од службата за урбанизам и имотно – правни односи за Аваз.ба изјавила дека сопственикот на оваа доградба, Сафет Аговиќ од нив побарал дозвола за градење, но не ја добил.

– Во врска со градењето на таа куќа на покривот, нашата служба нема издадено одобрение и покрај тоа што барањето било доставено два пати, истакнала таа.

Аговиќ не добил согласност ниту од станарите, но и покрај се, тој решил да го оствари својот план…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.