ОСУДЕН НА СМРТ ПОРАДИ СТАТУС НА ФЕЈСБУК: Го направил само ова

fejsbuk-lisice

Таимур Раза, муслиман од Пакистан, осуден е на смрт бидејќи на Фејсбук “го навредил исламот”, пишуваат светските медиуми. Раза е осуден во Бахавалпуру на истокот од покраината Панџаб, а во 2016 година бил уапсен поради објавување на навредливи коментари кон сунитските лидери и жените на пророкот Мухамед. Раза припаѓал на шиитскиот ислам и претходно го апсела антитерористичката полиција по пријавата дека на автобуска станица им покажувал на луѓето навредливи материјали на својот мобилен телефон.

Отвореноста на социјланите мрежи како платформа за јавно објавување на личното мислење, треба да се позрави. Но сепак треба да се внимава што се објавува. Има голем број на случаеви во кои луѓе поради статус на Фејсбук останале без работа, биле уапсени или завршиле на судските клупи, но ова ги премина сите граници.

Таимур Раза е осуден на смрт поради богохулење на Фејсбук. Несреќниот Раза, минатата година учествувал во расправа на оваа социјална мрежа, заедно со уште 15 луѓе, а на негова жалост, еден од учесниците во расправата бил таен агент на пакистанските тајни служби, задолжен за борба против тероризмот.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.