ОБЈАВЕНА СНИМКА ОД УНИШТУВАЊЕ НА 120 ТЕРОРИСТИ: Руското министерство за одбрана објави снимка од воздушна акција против терористите!

Министерството за одбрана на Русија објави снимка на која се гледа напад на руската авијација на терористите на ИСИС. Руската авијација уништила 32 „пикапи“ и ликвидирале повеќе од 120 припадници на терористичката група ИСИС, кои на 25. мај се движеле од сирискиот град Рака кон Палмира, изјавува за Спутник извор во Министерството за одбрана на Русија

SU-25_rusija

„По приемот на таа информација командата на рускиот контингет во Сирија ги презема неопходните мерки за да спречи понатамошно преместување нат терористите на ИСИС во правец на југ“, рекол изворот.

„Авионот на руските воздушно-космички сили на 25.мај открија и уништиј колона терористи од 39 камиони за достава со оружје кои се движеа кон Палмира. Како резултат на тој напад губитоците на ИСИС изнесуваат 32 возила за достава со тешки митралези и повеќе од 120 терористи“, рекол изворот.

Тој додава дека руските беспилотни летала се активни за време на целиот ден за да ја пратат ситуацијата и можните правци преку кои терористите би можеле да побегнат од градот и да тргнат кон Палмира. Борбените авони и специјалните единици на руската војска исто така се вклучени во операцијата за спречување на бегство на екстремистите од Рака.

Тој нагласува дека сите обиди за движење на терористите кон Палмира и нивно прегрупирање ќе бидат запрени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.