Незапаметена трагедија во Хрватска: Го нашол братот починат па и тој умрел од шок

Незапаметена трагедија ја потресе Хрватска и цел регион, кога починаат двајца браќа, дниот при планинарење, а другиот од тага кога ја примил тажната вест.

Како што пренесуваат регионалните медиуми, вчера во 19 часот и 40 минути од Планинарско друштво примиле дојава дека настрадал нивен планинар. Тој се лизнал на ледот и на лице место останал мртов.

Неговото семејство отишло да го бара, а кога братот го видел мртов, доживеал срцев удар и починал на лице место.

Двајцата браќа се планинари од Сплит на возраст меѓу 55-60 години.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.