Неврохирургот откри страшни детали за состојбата на Шумахер !

Неврохирургот на кого специјалност му се пациенти кои претрпеле повреди на мозокот, откри страшни детали за моменталната здравствена состојба на Михаел Шумахер.

“Здравствената состојба на Михаел Шумахер сигурно нема да се подобри”, ова се зборовите на лекарот Колин Шеф.

Поминаа четири години откако седумкратниот светски шампион во Формула 1 се повреди на скијање. Од тогаш тој е во кома, а семејството се потруди да обезбеди потполна приватност.

Познатиот неврохирург Колин Шеф, иако никогаш лично не го лечер Шумахер, на темел на богатото искуство откри што може да се очекува во такви ситуации.

“Природата на повредите и информациите кои ги добиваме “кажуваат” дека неговиот мозок претрпел голема штета. Како последица на тоа, неговиот мозок не функционира како мојот или вашиот. Што подолго е во таква состојба, се потешко може да се очекува подобрување”, вели Колин Шеф.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.