На лагата и се кратки нозете: Заев го нема на ниту една агенда за средба со Трамп

Веста која со фамфари одекна по провладините медиуми и портали, за наводната средба на Зоран Заев со американскиот претседател Доналд Трамп била само пуста желба, налик на поговорката “гладна кокошка просо сонува”.

Никаде, ама баш никаде од официјалните извори на претседателската куќа на Вашингтон не пишува дека таква средба се одржала, ниту пак дека таа средба воопшто ќе се одржи.

Доказ дека Заев си поминал само со среќно доловен кадар од мобилен телефон е и официјалната Фејсбук фан страна на американскиот претседател. Тука секојдневно се објавуваат планираните и реализирани активности на првиот човек на Белата куќа, а името на македонскиот премиер не се спомнува никаде.

Ф/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.