Највредниот македонски бренд “Стоби Флипс” следната година ќе прослави 40 години – На повидок и нови вкусови (ВИДЕО)

Престојната година еден од најголемите македонски брендови “Стоби Флипс” ќе прослави 40 години постоење. Овој бренд кој доаѓа од Прилеп е гордост на секого, а на прилепчани им е особено драго кога истиот ќе го пронајдат во некоја продавница низ државите во светот.

На повидок и нови вкусови од препознатливиот “Атлантис” кој е еден од највкусните чоколадни производи што постои на пазарот.

Oваа година на пазарот излезе и новиот “Стоби Флипс Магнус”, а деновиве ќе излезе и лутиот вкус на овој производ.

Овие вкусови и новитети одлично ќе се вклопат во широкиот асортиман кој го нуди “Витаминка” и ќе се најдат на полиците освен во Македонија и во 30 држави ширум светот.

Погледнете го прилогот на Канал Визија ТВ:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.