НАПРЕД МОМЦИ! Нови македонски ХЕРОИ на повидок! Македонија го совлада Бразил за второ место во групната фаза

Untitled

Mладите ракометари на Македонија до 21 година го совладаа Бразил со резултат 28:23  (14:11 на полувремето) во клучниот дуел од Светското првенство во Алжир, и го обезбедија второто место во групата Ц.

Нашите млади надежи цело време го контролираа натпреварот и имаа константно водство до 51-та минута кога успешната серија на Бразилците и немоќноста на нашите голмани ги доведе во водство. Но, кратко потоа младите ракометари на Македонија се отрезнија од овој шок и повторно ја презедоа иницијативата на теренот.

На патот кон следната фаза Македонија ги совлада уште Русија и Буркина Фасо, а загуби од Шпанија и Тунис.

Македонија во следната фаза во осминафиналето ќе вкрсти со Аргентина или домаќинот Алжир од групата Д.

Нашите млади ракометари се во вистински ритам и нивната игра ветува многу на ова Светско првенство.

Да не заборавиме, на клупата на нашата репрезентација е и прилепскиот тренер на голманите Ице Соколески.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.