Млади ученици од Прилеп реализираа значаен проект насловен како “CREATIVE YOUTH ENGAGEMENT”

DSC_0096

На 11 јули 2017 г. во Киното „Мис Стон“- Прилеп се одржа завршниот настан на проектот CREATIVE YOUTH ENGAGEMENT, имплементиран од Димитар Вглевски како стипендист на LEAD MK годишната стипендирана програма за млади која е  имплементирана од Национален младински совет на Македонија(НМСМ), а  поддржана од проектот на УСАИД за Граѓанско Учевство.

DSC_0084
Учесниците кои учевствуваа во проектот, го претставија тоа што го работеа преку 4-те работни групи:
1) Вклучување преку Театар
2) Вклучување преку 7-та Уметност- Филмот
3) Вклучување преку Ликовната Уметност
4) Слободни Младински Активности

Младите кои беа дел од првата работна група подготвуваа кратка изведба за завршниот настан, а нивното излагање се состоеше од 3 кратки театарски изведби.

DSC_0040

DSC_0061

DSC_0079

Младите кои учествуваа во работните групи „Вклучување преку Ликовната Уметност“ и „Слободни Младински Активности“ имаа заедничка презентација, на кратко тие работеа како една група сплотени со исти интерактивни активности во кои беше вклучена и јавноста. Тие подготвија табли на кои младите го изработуваа натписот „на младите им треба“, а потоа со нив низ центарот на градот луѓето пишуваа свое мислење во однос на тоа што тие мислат дека на младите им треба.

DSC_0017

DSC_0026

DSC_0030
Луѓето беа расположени да напишат свое мислење на таблите. Потоа учесниците ги изработуваа натписите кои според нив беа нај соодветни и ги преработија во креативни цртежи кои подоцна ги изработија на табли со кои во центарот на градот им се приоѓаше на граѓаните за да се сликаат со која табла тие што сакаат, како знак за поддршка на младите.

Како првиот пат на терен така и овој пат имаше позитивен резултат од страна на граѓаните во Прилеп, млади луѓе  и родители со нивните деца се сликаа со таблите во знак на поддршка на малдите.

DSC_0003

DSC_0009

DSC_0013
Презентацијата беше проследена со проекцијата на 2 кратки видеа изработени од младите кои беа дел од работната група„ Вклучување преку 7-та Уметност- Филмот“, потоа следеше горенаведената театарска изведба и заврши со друштвен настан.
И покрај високите временски температури, голем број на граѓани присуствуваа на настанот и ги поддржаа младите кои работеа со голем ентузијазам во проектот.
19893671_1600460719965773_1564310696_o




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.