Маж почина откако беше прегазен во прилепско

Вчера, околу 18:30 часот во село Дебреште-Прилеп, се случила сообраќајна незгода во која 51-годишниот И.А. од село Дебреште, управувајќи возило „Голф“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во 80-годишниот А.М. од село Дебреште.

Како што соопштуваат од МВР, А.М кој се здобил со тешки телесни повреди бил пренесен во Медицински центар-Прилеп, каде во 22,00 часот починал. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициска станица-Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.