МИСТЕРИЈАТА КОЈА ГИ ПОДИГНА ВОЕНИТЕ ЕКСПЕРТИ: Едно од најсилните оружја на Кина е набавено од Милошевиќ – еве за што станува збор

Две години пред предвидениот рок, НР Кина го зголеми воениот арсенал со невидливи борбени авиони Ј-20.

Кинеската агенција Синхуа наведува дека кинеска војска сеуште работи на обуката на пилотите. Исто така наведуваат дека Кина во своите редови има борбен авион со “стелт” технологија од петта генерација.

Петтата генерација значи дека ова летало е “невидливо” за радарите, дека располага со проектили, најмодена компјутерска технологија, сензори и електроника.

Со овој чекор Кина застана рамо до рамо со САД кои приви ја развија оваа технологија, како и со Русија која располага со СУ-Т-50 авиони.

Се смета дека Кина дошла до “стелт” технологијата со помош на Слободан Милошевиќ, односно за време на бомбардирањето на НАТО, српската војска срушила американски невидлив авион Ф-117.

Наводно, власта на Милошевиќ и помогнала на Кина да дојде до деловите на соборениот авион опремен со најмодерена технологија, што на Кинезите им овозможило да развијат своја сопствена “стелт” технологија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.