Летни температури – еве какво време нѐ очекува утре

479940-utre-sonchevo-i-toplo-eve-kakvo-vreme-ne-ochekuva-do-sreda

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен западен ветер. Попладне во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од осум до 12, a дневната од 19 до 29 степени.

До четврток ќе преовладува стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот. Во попладневните часови во планинските предели е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Потоа од петок нашето подрачје ќе потпадне под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе условат поројни врнежи од дожд проследени со грмежи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.