Кој заштитен фактор е најдобар за деца, а кој за возрасни?

 

Доколку жешките, летни денови ги поминувате на море, езеро, базен или во природа не треба да заборавите на заштитата на кожата. Изложувањето на UV зрачење е главниот виновник за прерано стареење на кожата, но и за ракот на кожата па ефикасен начин за заштита треба да биде најважен дел од опремата за плажа во вашата торба.

Експертите, меѓутоа препорачуваат кремите со заштитен фактор да се користат и пред секојдневното излегување од дома, за лицето и оние делови од телото кои не се покриени со облека.

Препораката кога купувате производи за заштита од сонце е да бирате препарати од реномирани производители чии производи се нашле на пазарот по долгогодишни испитувања. Дерматолозите советуваат купување на квалитетни средства кои  се ефикасни против UVA и UVB зраците, фото-стабилни и отпорни на вода и пот.

Важно е исто така да не предизивикуваат фото-алергиски и фото-токсични реакции.

-Корисете препарати кои имаат ознаки 1.SPG и UVA PF. Тоа значи дека препаратот истовремено штити од  UVB и UVA зраците, велат дерматолозите.

Се препорачува да се нанесуват околу 2 милиграми на 2 сантиметри кожа, што е отприлика околу 30 милилитри за целото тело. Со нанесување на помала количина, и заштитата ќе биде помала.

Сега може да избирате меѓу лосиони, креми, масла, гелови, стикови, спрејови и пени како средства за заштита од сонцето, најдобро е да го изберете тоа што најмногу одговара на вашата кожа. Важно е заштитниот фактор да не биде помал од 30, додека за децата и луѓето со посветол тен се препорачува заштитен фактор 50.

Особено важно е да се намачкате половина час пред да излезете надвор на отворено. Нов слој од заштитата треба да нанесувате на секои два-три часа, а особено по излегувањето од вода поради интензивното потење.

Тука како дополнителна заштита не ги заборавајте чадорите и капите и доколку можете избегнувајте да бидете на отворено сонце од 10 до 16 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.