“Како некогаш се славеше Нова година во Прилеп?!” (ФОТО+ВИДЕО)

Се ближат Новогодишните празници, денови во кои се зближуваме со семејството, пријателите и љубените и заедно прославуваме.

Новогодишната магија која во изминатите години беше одлика за Прилеп и за централното градско подрачје во градот, оваа година изостанува и речиси ништо не наговестува дека прилепчани ги чекаат празнични денови.

Ако пред само една година се беше во духот на украсните бои, со богата програма и празничен амбиент, оваа година Прилеп е лишен од сето тоа.

Програма за Нова година нема, плоштадот го краси старата елка за која не се потрудиле ниту платното да и го заменат, па истото е испокинато, а украсите се со прегорени ламбички.

Граѓаните, а особено оние кои не можат да си дозволат да прославуваат во некој ресторан или кафуле, нема да имаат прилика да се забавуваат на градскиот плоштад, каде до лани секогаш беше преполно со народ и добра музика.

Како изгледаа плоштадите “Методија Андонов – Ченто” и “Александрија” во изминатите години, најдобро може да се види на фотографиите и видеата во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.