Каков отров испил Праљак? – токсиколог открива зошто лекарите не успеале да го спасат

Лекарската интервенција откако денеска Слободан Праљак испи отров, не била доволно за да му се спаси животот.

Хрватскиот токсиколог Фрањо Павиш за Јутарљи Лист вели дека клучна е брзината на реакцијата при ваков отров. Фактот дека помина многу време откако Праљак стана, прозборе, па испи отров, по што сите во судницата занемеа, бил пресуден за да не му се спаси животот.

Според токсикологот и на најсилниот отров му треба време додека да стигне до крвта и да делува, па затоа најважна е брзината на лекарите.

Праљак го испил отровот во 11 часот и 30 минути утрово, а Брзата помош стигнала час подоцна.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.