КОНГРЕСОТ ВО ШОК: Поголемиот дел од американските воени објекти во Европа зависат од рускиот гас

vladimir-putin

Најголемата закана за европските сојузници и американските воени објекти во Европа претставува нивната зависност од рускиот гас.

Монополистичката положба на Русија кај енергентите довела до оваа ситуација, изјави републиканскиот конгресмен од Небраска, Дон Бејкон.

Во својот говор Бејкон предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин константно се заканува дека ќе ги искористи тие ресурси како средство за политичка и економска на земјите чија економија во голема мера зависи од рускиот гас.

Покрај тоа, тој наведе дека моментално во Европа, а особено во Германија, поголем број од американските воени објекти зависат од рускиот гас.

Бејкон тврди дека е неодговорно тоа што Американците вложуваат повеќе од милијарда долари во медицински комплекс за војници стационирани во Германија, а тие објекти и понатаму да зависат од рускиот гас.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.