КОМПАНИЈА ЗА СЕКОЈА ПОЧИТ: 13-та плата за вработените во “Комфи Ангел” (ФОТО)

И овој месец после платата традиционално се одржа состанок на ниво на цела фабрика на кој беше објавена одлуката потпишана од страна на управителите за исплата на тринаесетта плата на лицата кои што имаат повеќе од 150 работни часови и неодсуствување повеќе од 21 ден.
Исто така беше извлечена и среќната добитничка на лотаријата Кочовска Маре. Честитки !!! Само за убаво да си ги троши парите.

И овој месец после платата традиционално се одржа состанок на ниво на целата фабрика во компанијата “Комфи Ангел” од Прилеп. На овој состанок беше објавена одлуката потпишана од управителите на компанијата, за исплата на 13-та плата на лицата кои што имаат повеќе од 150 работни часови и неодсуство повеќе од 21 ден, стои во соопштението на Фејсбук страната од компанијата.

Покрај оваа одлука, традиционално беше извлечена и среќната добитничка на лотаријата за овој месец. Кочовска Маре имаше најмногу среќа и ќе биде наградена со значителна сума на пари.

На вработените среќната вест им ја претстави секогаш шармантната генерална менаџерка, Ирена Јакимовска.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.